Меко, топло и вкусно: Полжав пита каква што немате јадено

Меко, топло и вкусно: Полжав пита каква што немате јадено

Направете вкусна пита со малку труд во вашата кујна, ова е се што ви е потребно:

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 300 гр сирење
  • 10 лажици зовриена вода
  • 15 лажици масло
  • 1 прашок за пециво
  • малку сол
  • 500 мл млака вода

Начин на подготовка.

  1. Се спрема фил од јајцата, 10 лажици зовриена вода, масло, сирење, прашокот за пециво и сол.
  2. Се ставаат две кори, па се премачкуваат со филот. Се виткаат како за ролат и се прави форма на полжав од нив.
  3. Сите подготвени полжавчиња се оставаат да отстојат во тепсијата во која ќе се печат околу половина час.
  4. Потоа во тепсијата се додава млаката вода.
  5. Со останатиот фил се премачкуваат одозгора и се печат на 200 степени додека не заруменат. Одозгора можете да наросите и сусам по вкус.

Совет: Ако ви е страв да ја ставите цела вода, ставете само колку тепсијата за печење да биде покриен, бидејќи при печењето таа испарува и ги прави полжавчињата меки.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Пита на стар начин со тиква

Посна пита со ориз и праз

Домашна пита каква што не сте јаделе

Сочна и крцкава пита со мелено месо

Посна пита со тиква и цимет

singlepost_text