(Видео) Како соодветно да го отстраните отпадното масло после готвењето

(Видео) Како соодветно да го отстраните отпадното масло после готвењето

Компанијата Суниленс доставува 3 литарски пластични садови за собирање на отпадно масло за јадење директно до вашиот дом.

Отпадното масло за јадење се отстранува лесно и едноставно. Потребно е да ги следите овие 5 чекори:

1) Кога ќе завршите со пржење на храната, оставете го тавчето најмалку еден час за маслото да се олади;

2) Потоа претурете го отпадното масло во нашиот сад за собирање;

3) Поради безбедност и заштита од истурање, чувајте го садот со отпадно масло на место кое е недостапно за деца и домашни миленичиња;

4) Кога ќе го наполните садот, контактирајте ги на 070/264-444 или на 02/2650-100 за да ја подигнат собраната количина и да ви достават нов чист сад за собирање;

5) За секои собрани 3 литри отпадно масло добивате половина литар сончогледово масло кое може да го задржите за себе или да го донирате преку Љубезност до социјално загрозени семејства во рамките на еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“.

Повеќе детали погледнете во видеото:

Доколку сакате да се приклучите во оваа еко акција за собирање на отпадно масло, пополнете ја контакт формата достапна на овој ЛИНК или контактирајте ги Суниленс на 070/264-444; 02/2650-100; 02/2650-600.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ви требаат само 2 минути да се вклучите во една нова еко акција – Еве како да го собирате искористеното масло по готвењето

„Рециклирај и донирај“ – Еко-хуманитарен проект на Суниленс и Здружението Љубезност

Што може да научиме кај баба и дедо дома?

Го фрлате отпадното масло за јадење во мијалникот? Еве како ја загадувате природата

Нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата – Еве како да се вклучите во оваа еко акција

Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Рециклирај и донирај: Собирање на отпадно масло од домаќинства

Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

singlepost_text