Брз деликатес ручек од неколку состојки – Рецепт кој ќе го зачувате!

Брз деликатес ручек од неколку состојки – Рецепт кој ќе го зачувате!

Во модерното општество постојано ни недостасува време. Растргнати помеѓу обврските, најмалку време ни останува да зготвиме ручек.

Gotvi.mk Ви препорачува многу вкусен деликатесен ручек кој многу лесно и брзо се приготвува. Еве што ви е потребно и како да го направите:

Состојки:

  • 1 кг пилешко филе
  • 1-2 кеси крем супи од печурки
  • 500 – 750 мл хопла павлака за готвење
  • 150 гр Пекабеско сланина
  • 300 гр брокула

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото се сече на тенки шницли или на помали парчиња.
  2. Во сад се става содржината од крем супата и секоја шницла/парче убаво се поминува во неа од сите страни.
  3. Потоа се реди месото во огноотпорен сад.
  4. Се става врз нив сечканата сланина на тенки парченца, цветовите од брокулата и се прелива со павлаката за готвење.
  5. Зачинете со сол и бибер, како и други зачини по желба. Ние додадовме и зачин од лук во прав.
  6. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  7. Се исклучува рерната и се остава уште 15 минути да отстои внатре.
  8. Може да послужите со прилог по желба. Ние послуживме со компири и моркови печени во рерна

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Ролни од мелено месо

Наполни главица кромид со мелено месо

Мелено месо со зеленчук од тава