Макарони со сирење, спанаќ и шунка

Макарони со сирење, спанаќ и шунка

За следниот ручек направете ја оваа вкусна комбинација од макарони, шунка и спанаќ.

Состојки:

  • 250 гр макарони
  • 3 јајца
  • 100 гр павлака Пекабела
  • 200 гр сирење
  • 200 гр спанаќ
  • 1/2 праз
  • масло
  • сол
  • 150 гр шунка Пекабеско, исечкана

Начин на подготовка:

  1. Обварете макарони. Пропржете сечкан праз, па додајте измиен и исечкан спанаќ, па сè добро пропржете. Додајте сол.
  2. Во павлаката разматете јајца, додајте издробено сирење и шунка. Сè ставете во макароните и изедначете. Додајте спанаќ со праз, па потоа сè измешајте. 
  3. Намастете куглоф со масло, во него ставете ги макароните и израмнете. Печете на 200 степени 40 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

singlepost_text