Почнете го денот со деликатес: Омлет со сланина и компир

Почнете го денот со деликатес: Омлет со сланина и компир

Омлетот е едно од најлесните јадења за приготвување, а секогаш со намирниците може да се експериментира за да добиете вкусна комбинација за појадок.

Ви нудиме една таква варијанта, а ова е рецептот:

Состојки:

  • 100 гр Пекабеско сланина
  • 1 компир
  • 4 јајца
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку млеко
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка.

  1. Во тава ставете го путерот и на него пропржете ја сланината која претходно ќе ја исечете на коцки.
  2. Извадете ја сланината од тавата и оставете ја во сад настрана, а во истата тава пржете го компирот околу 10 минути, откако претходно сте го исекле на коцки.
  3. Потоа извадете го и ставете го во истиот сад со сланината.
  4. Изматете јајца со сол и бибер, малку млеко и ставете ги во тавче за пржење со малку масло, а потоа додајте ги и сланината и компирот.
  5. Ставете ја тавата во рерна и печете на 180 степени 10 минути.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин