Клавчињата пченка се многу вкусни и здрави, но потребно е долго време да се сварат. Сепак, читателка на Готви.мк вели дека постои еден мал и лесен трик со чија помош ќе спремите вкусна варена пченка за само 20 минути во вашиот кујна.
Во тенџере ставете студена вода, а потоа ставете ги клавчињата. Ставете го тенџерето на рингла пуштена на висока температура и оставете да зоврие, а откако ќе зоврие нека се варат на силно 10 минути.
Потоа, истурете ја водата, па повторно ставете ладна вода, па повторете ја постапката.
Вака, пченката ќе биде мека и вкусна, а и готова побрзо од вообичаеното.
Пробајте, затоа што успева – ни пишува читателката.
Повеќе кулинарски трикови на Gotvi.mk:
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи
Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите
БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека
Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките