Гулаш со пиво и печурки – Деликатесен ручек на трпеза

Гулаш со пиво и печурки – Деликатесен ручек на трпеза

Направете вкусен гулаш со додаток пиво.

Ова се потребните намирници и подготовката на деликатесот:

Состојки:

  • 800 гр јунешко месо
  • 200 гр печурки
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 2 лажици доматно пире
  • 500 мл вода
  • 1 шолја пиво
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло се пржат кромидот и морковите. Се додава и ситно сечканиот лук и се динста смесата.
  2. Месото се сече на коцки, се посолува, му се става и бибер, па се динста заедно со смесата.
  3. Се додаваат 500 мл вода, доматно пире, ловоров лист и шолја пиво.
  4. Динстајте 1 час со повремено мешање.
  5. Печурките исечете ги, пропржете ги на малку масло за јадење и додајте ги садот.
  6. Оставете на оган уште 15 минути и сервирајте го гулашот.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Руски гулаш со кремав сос

Гулаш со кисела зелка

Гулаш од печурки – нека замириса домот

Најбрзиот пилешки гулаш

Запечен гулаш со компири

Јагнешки гулаш

singlepost_text