Зимска салата: Пиперки полнети со зелка, повкусни од зимница

Зимска салата: Пиперки полнети со зелка, повкусни од зимница

Направете вкусна салата оваа зима, пиперки полнети со зелка.

Ова е рецептот за деликатесната салата:

Состојки.

  • 3 кг бабури
  • 6 дл бел оцет
  • 18 дл вода
  • 6-7 зелки
  • малку сол
  • малку шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се рендаат зелките, се става малку сол и се оставаат во сад настрана.
  2. Бабурите се мијат, им се вадат дршките и семките од внатре.
  3. Откако зелката отстојала се стиска со рака за да излезе течноста од неа. Се додава малку од оцетот во зелката и се промешува убаво.
  4. Со оваа смеса се полнат пиперките.
  5. Се ставаат пиперките во тегли. Настрана се мешаат во посебен сад оцетот, малку сол и шеќер и водата, а потоа во теглите се става од оваа течност.

Добар апетит и уживајте во зимата!

Повеќе рецепти за салати на Gotvi.mk.

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес