Чоколадни бомбици од пет состојки – Нема печење

Чоколадни бомбици од пет состојки – Нема печење

Од бомбици никогаш доста, вкусот им е одличен, лесно и брзо се прават.

Овој пат ви нудиме рецепт за чоколадни бомбици без мака и печење кој се прави вака:

Состојки:

  • 200 гр чоколадо
  • 20-25 мл рум
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 1 лажиче екстракт од ванила

Начин на подготовка.

  1. Чоколадото се растопува заедно со маргаринот во сад на тивок оган, се додаваат румот и екстрактот од ванила и се чека да се соедини смесата.
  2. Се додава постепено и шеќерот во прав, се меша смесата и потоа се остава да се излади околу 30 минути во ладилник. Секако прво оставете ја неколку минути на собна температура пред да ја ставите во ладилник.
  3. Се обликуваат бомбици од смесата и убаво се поминуваат во смеса по избор (кокос, мелени бисквити, мелени ореви, чоколадни или шарени мрвици). Ние избравме мелени ореви за оваа прилика.
  4. Оставете ги повторно во ладилник.

Уживајте во слаткиот вкус на овој десерт.

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече