Телешко во сос од кајмак: Вистински специјалитет за ручек

Телешко во сос од кајмак: Вистински специјалитет за ручек

Овој специјалитет ќе ве воодушеви, особено затоа што месото е сочно, а растопениот кајмак му дава посебна арома.

Состојки:

  • 800 гр телешка рибица
  • 150 гр кајмак
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер
  • 4 лажици брашно
  • 600 гр варени компири
  • 200 гр ‘ржан леб

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на парчиња, извалкајте го во брашно и запечете го од сите страни на загреано масло. Прелијте со вода и гответе околу 40 минути. Извадете го зготвеното месо, а течноста во која се варело згуснете ја со останатото брашно разматено со малку вода.
  2. Додајте кајмак, измешајте и гответе додека сосот не згусне. Во тепсија ставете компири и месо, прелијте со сос и запечете околу 15 минтуи во рерна загреана на 220 степени.
  3. Месото сервирајте го на чинија со претходно варениот компир и парчиња ‘ржан леб.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text