Направете вкусен и необичен сос со цвекло.
Ова е рецептот за сосот кој е идеален како додаток со секое јадење:
Состојки:
- 3 јајца
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка оцет
- 1 лажичка сенф
- 350 мл маслиново масло
- 150 гр цвекло од тегла
Начин на подготовка:
- Со миксер се матат јајцата заедно со солта, шеќерот, сенфот, оцетот и маслиновото масло, кое постепено се додава при матењето.
- Одвојте неколку лажици, измешајте ги со цвеклото и изматете со миксер во посебен сад додека да се изедначи смесата.
- Измешајте ги двете смеси и убаво соединете.
- Оладете во ладилник.
На здравје!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: