Супер грицки: Направете слатки пуканки

Супер грицки: Направете слатки пуканки

Пуканките сами по себе не се ниту слатки, ниту солени. Ако сме навикнале секогаш да ги посолуваме, не значи дека така мора секогаш да биде.

Еве рецепт за вкусни, слатки пуканки…

Состојки:

  • 1 шолја пуканки
  • 1/2 шолја растопен путер
  • 1/2 шолја кафеав шеќер
  • 1/2 шолја мед
  • 1 рамна лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 120 степени, а пуканките испукајте ги на вообичаен начин (тенџере или микробранова).
  2. Во тава на средна температура измешајте путер, шеќер, мед и сол. Гответе со непрекинато мешање додека смесата не зоврие, па после неколку минути вриење, тргнете од оган.
  3. Се уште топли пуканките прелијте ги со слатката мешавина и измешајте, така што секоја пуканка ќе биде обложена.
  4. Потоа пуканките распоредете ги на плех обложен со хартија за печење. Плехот ставете го во рерна и печете околу еден час, а во текот на печењето неколку пати измешајте ги пуканките.
  5. Готовите пуканки извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат. Послужете ги ладни и уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед