Едноставен, а неодолив ручек: Вкусна мусака од пилешко и блитва

Едноставен, а неодолив ручек: Вкусна мусака од пилешко и блитва

Оваа необична мусака е многу здрава, а комбинацијата од вкусови во ова јадење целосно ќе ве маѓепса.

Состојки:

  • 2 мали главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр ориз
  • 1 поголем морков
  • 1 лажица зачин
  • 1/2 лажица бибер
  • 500 гр пилешко месо и 2 лажички зачин
  • 500 гр блитва и лажичка зачин
  • 3 јајца
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 1 дл млеко

Начин на подготовка:

  1. Белото месо исечкајте го на шницли, зачинете го и пропржете го. Потоа месото извадете го на чинија, а во таа маснотија пропржете го исечканиот кромид и лук, додајте сечкан морков.
  2. Оризот измијте го, згответе го и процедете го.
  3. Побиберете го кромидот и зачинете по вкус, а потоа додајте сварен ориз. Пропржениот кромид заедно со оризот ставете го во сад, а од горе наредете испржени шницли.
  4. Потоа исечкајте блитва и малку пропржете ја и зачинете ја, па ставете ја преку месото, сè прелијте со разматени јајца, млеко и павлака и запечете на 250 степени 15 минути.
  5. Кога мусаката ќе биде печена извадете ја и малку изладете ја, па сечете ја во коцки и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text