Брз чоколаден ролат со суво грозје и ореви – Нема печење и долго стоење на нозе

Брз чоколаден ролат со суво грозје и ореви – Нема печење и долго стоење на нозе

Вкусен чоколаден ролат за кој нема печење, долго стоење на нозе и мака.

Ова е рецептот и подготовката која е брза и лесна.

Состојки:

  • 400 гр бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр маргарин
  • 130 гр шеќер
  • 3 лажици мелени ореви
  • 3 лажици мелени бисквити
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр сецкани ореви
  • 50 мл млеко
  • рум арома

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете ги бисквитите и искршете ги, додадете ги сецканите ореви и сувото грозје, мелените ореви и мелените бисквити.
  2. Се топат маргаринот и шеќерот на тивок оган 2-3 минути, па се додава и чоколадото и сè се меша и соединува.
  3. Спојте ги двете смеси и додадете млеко. Убаво соединете.
  4. Обликувајте ролат и изладете го пред сервирање.

Уживајте во овој вкусен десерт!

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text