Телешко во сос од ајвар

Телешко во сос од ајвар

Ако сте во недоумица што да зготвите за следниот ручек, ви донесуваме вкусно решение. Телешко во сос од ајвар…

Состојки:

  • 500 гр телешко месо од бут
  • 250 гр шампињони
  • 1 помал праз
  • 1 главица црвен кромид
  • 4 лажици соја сос
  • 4 лажици пикантен ајвар
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажица сенф
  • масло
  • 2 чешниња лук
  • мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Телешкото месо исечете го на стапчиња, шампињоните на четвртини, празот и кромидот на коцки, а лукот испасирајте го.
  2. На малку масло пропржете ги празот, кромидот и лукот, а потоа додајте телешко и кратко пропржете го да ја промени бојата. Продолжете со динстање доливајќи вода по потреба додека месото на пола не омекне.
  3. Потоа додајте шампињони, соја сос, ајвар, сенф и зачини по вкус па продолжете со динстање за сите состојки да омекнат, а сосот да добие густина. Посипете со магдонос.
  4. Готовото јадење по желба послужете го со пире од компири.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text