Печен селски компир со пченкарен гриз и сланина

Печен селски компир со пченкарен гриз и сланина

Брз, едноставен и евтин оброк за изненадни гости и целото семејство.

Состојки:

  • компири
  • сланина Пекабеско
  • лук
  • пченкарен гриз (или палента)

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, па засечете ги во V форма од едната страна.
  2. Сланината исечкајте ја на парчиња, побиберете, посолете па додајте ситно сечкан лук, па така подготвена сланината ставајте ја во засеците од компирите.
  3. Со рака наквасете ги компирите, па извалкајте ги во палента, посолете и ставете ги во рерна на појак оган да се печат.
  4. Послужте со кајмак или бело сирење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text