Вкусна салата со тестенини готова за 10 минути

Вкусна салата со тестенини готова за 10 минути

Подгответе вкусна салата со тестенини која брзо и лесно се прави.Ова е сè што ви е потребно за нејзината подготовка:

Состојки:

  • 350 гр тестенини
  • 100 гр кисели краставички
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 мала конзерва пченка
  • 1,5 кеси мајонез
  • 1 павлака
  • 1,5 дл павлака за готвење
  • 100 гр сирење
  • 100 гр шунка
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  1. Тестенините се варат во солена вода, па се цедат и се оставаат да се изладат. Може да користите било која форма на тестенини. Наша препорака е тоа да бидат фусили.
  2. Краставичките, пиперките, сирењето и шунката се сечат на што е можно поситни коцки.
  3. Се додаваат сите останати состојки во еден сад заедно со тестенините.
  4. Зачинете и добро измешајте.
  5. Оставете да се оладете, декорирајте со магдонос и послужете.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес

 

singlepost_text