Кајгана на македонски начин: Богат доручек со сирење и пиперка

Кајгана на македонски начин: Богат доручек со сирење и пиперка

Брз омлет со сирење – ќе ви биде омилен рецепт за доручек, особено на зима…

Состојки:

  • 4 зелени пиперки
  • 2 црвени пиперки
  • 150 гр сирење
  • 6 јајца
  • 100 гр кајмак
  • 4-5 лажици млеко
  • масло
  • сол
  • мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Испечете пиперки, излупете ги и исчистете ги од семки. Исцедете ја течноста и исечкајте ги на ленти.
  2. Во тава со загреано масло додајте измешани кајмак и млеко, парчиња пиперки и прелијте со смеса од јајца и сирење. 
  3. Посолете и побиберете по вкус, и совршената македонска кајгана е спремна за сервирање.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text