Шумадиска торта со ракија – Додаток кој ја прави посебна

Шумадиска торта со ракија – Додаток кој ја прави посебна

Традиционална торта од Шумадија, поинаква од се што сте пробале до сега.

Вака се подготвува една од највкусните торти:

Состојки:

  • 10 палачинки
  • 300 гр мелени ореви
  • 100 мл багремов мед
  • 100 мл млеко
  • 500 гр суви сливи
  • 50 мл ракија препеченица
  • 150 мл слатка павлака
  • 4 белки
  • 250 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Оревите се преливаат со врело млеко, се додава мед и ванилин шеќер.
  2. Се додаваат и 400 гр ситно сечени суви сливи, кои претходно ќе ги потопите во ракијата.
  3. Кога ќе се излади филот, се додава павлаката и се филуваат палачинките, па се редат една врз друга. Палачинките може да ги купите или да ги подготвите дома.
  4. Белките и шеќерот убаво се матат во цврст снег, па се премачкува целата торта.
  5. Се украсува со преостанатите сливи.
  6. Се става во загреана рерна на 180 степени околу 5 минути за да порумени.
  7. Може да ја украсите со ореви и чоколада.

Уживајте во овој сладок специјалитет!

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

singlepost_text