Деликатесна салата: Домашни пиперки во павлака за цела зима

Деликатесна салата: Домашни пиперки во павлака за цела зима

Направете вкусна и необична салата која ќе ви служи за цела зима.

Ова е начинот на подготовката:

Состојки:

  • 10-15 пиперки
  • 1 кантичка павлака
  • малку сол

Подготовка на салатата:

  1. Пиперките се мијат и се чистат од семки и се редат во длабока вангла. Се потопуваат со ладна вода и добро се посолуваат.
  2. Вака се оставаат во фрижидер седум дена за да впијат (не се грижете бидејќи солта како конзерванс нема да дозволи да се расипат).
  3. По седум дена извадете ги од водата и добро исцедете. Наполнете ги со павлаката и редете ги во кантичката.
  4. Редете пет пиперки кои се полни со павлака, па одозгора намачкајте ред павлака. Повторувајте додека имате состојки.
  5. Одозгора премачкајте со преостанатата павлака.
  6. Оставете ги во фрижидер.

Уживајте во овој неодолив вкус 🙂

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес

Направете ориз салата