Одличен турски десерт чиј вкус ќе ве потсети на неодоливите Рафаело

Одличен турски десерт чиј вкус ќе ве потсети на неодоливите Рафаело

За сите кокос љубители нудиме одлчен турски рецепт кој го носи името Кескул, а е повкусен и од рафаело.

Ова е рецептот за него:

Состојки:

  • 5 дл ладно млеко
  • 40 гр кокос
  • 60 гр брашно
  • 80 гр шеќер
  • 1 лажица маргарин
  • малку кокос и сечени лешници за декорација

Начин на подготовка:

  1. Во поголема шерпа ставете ги ладното млеко, кокосот, шеќерот и ванилин шеќер, па полека сипајте го и брашното. Добро изматете со лажица.
  2. Оставете на шпорет да поврие, а постојано мешајте.
  3. Кога ќе зоврие смесата, ставете маргарин и мешајте да се стопи.
  4. Тргнете ја смесата и ставете ја во четири мали садови, секој покријте го со фолија и оладете го во фрижидер.
  5. Одозгора пред послужување можете да декорирате со лешници и кокос.

Уживајте во овој сладок вкус 🙂

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Вкусот на есента бомбици со дуња кокос и ореви

Преубава обланда со кокос

Незаменлив вкус на кокос

Рафаело коцки

Бомбици од кикирики и кокос

Сочен колач со кокос

Торта од пудинг, кекс и кокос

Домашни бонбони од кокос и мед

singlepost_text