Чоколадни триаголници – Најбрз и најдобар рецепт

Чоколадни триаголници – Најбрз и најдобар рецепт

Брз рецепт за чоколадни триаголници кои се топат во уста.

Рецептот и постапката на подготвувањето на десертот во продолжение:

Состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр желе бонбони
  • 50 гр бадеми
  • 1 портокал
  • 50 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги шеќерот со водата на шпорет и откако ќе пушти меурчиња, тргнете го од оган и додадете го чоколадото, па брзо мешајте да се истопи и вратете на шпорет.
  2. Додајте ги сите останати намирници, мелените ореви, желе бонбоните кои треба да се ситно исечкани, исечканите бадеми, сокот од портокалот и малку изрендана кора.
  3. Ставете фолија на калап со триаголен изглед, па пополнете со смеса, а потоа оставете ја во фрижидер да се стврдне.
  4. Исечете на помали триаголници и послужете.
  5. Може да декорирате одозгора по ваш вкус, со чоколадо, кокос, мрвици…

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Триаголници со крем бананчиња

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта