БРЗИ И ЕВТИНИ: Домашни крофни од 3 состојки

БРЗИ И ЕВТИНИ: Домашни крофни од 3 состојки

Неверојатно вкусни, шупливи од внатре и немасни крофни…

Состојки:

  • 500 мл млака вода
  • 1 коцка квасец
  • 100 мл масло
  • 2 лажички сол
  • 1 лажица шеќер
  • брашно по потреба
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете ја целата количина млака вода и разматете квасец со лажица шеќер и неколку лажици брашно. 
  2. Оставете квасецот да надојде, потоа додајте масло и сол. 
  3. Брашното додавајте го постепено, онолку колку да се замеси глатко тесто, од прилика оди околу килограм брашно. 
  4. Оставете го тестото да надојде 15 минути, па растегнете го со сукало, пропрскајте го тестото со млака вода, па превиткајте го како писмо. Тоа повторете го уште два пати. Значи превиткајте вкупно три пати, а помеѓу секое прскање тестото треба да одмара по 15 минути. 
  5. Растегнете го тестото и вадете крофни со калап. Оставете ги млаку да одморат и нараснат. 
  6. Пржете ги во масло, така што ќе ги спуштате од онаа страна која била горе, па ставајте ги на хартиени салфети. 
  7. Крофните се лесни, шупливи и не се масни.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text