Нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата – Еве како да се вклучите во оваа еко акција

Нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата – Еве како да се вклучите во оваа еко акција

Отпадните масла за јадење се создаваат при приготвување на храна од страна на домаќинствата, прехранбените производители, угостителските објекти и други корисници на растителни масла. Маслата за јадење после нивната употреба добиваат својство на отпад кој содржи токсични материи и претставува потенцијален загадувач на сите еко системи во природата.

Поради несоодветното отстранување на овој вид на отпад, тој претставува најчест причинител за контаминација на водата, почвата и на 1/4 од сите загадувања. Еден литар отпадно масло за јадење може да загади до еден милион литри вода, додека 40% од проблемите со затнување на канализационите одводи се предизвикани од стврднување и таложење на непрописно отстранетите отпадни масла и масти. Важно е да потенцираме дека маслата за јадење треба редовно да се менуваат при приготвување на храната бидејќи нивната повеќекратна употреба е штетна по нашето здравје.

Досегашни резултати во собирање на отпадно масло од прехранбената индустрија Во Македонија се проценува дека на годишно ниво се создаваат неколку илјади тони отпадно масло за јадење од домаќинствата и прехранбената индустрија. До 2009 година воопшто не се собираа отпадните масла за јадење и истите завршуваа најчесто во одводите односно канализационите системи, како додаток во сточна храна или пак се исфрлаа во природата.

„Нашата упорност како компанија и вербата во нашиот систем за управување со отпадно масло се потврдува со нашите досегашни постигнати резултати. Во текот на последните 9 години Суниленс успеа да собере над 2.500 тони отпадно масло за јадење од повеќе од 800 индустриски создавачи на овој вид на отпад. Нашата ефикасна колекторска мрежа ни овозможува да собираме отпадни масла низ цела Македонија кои поминуваат низ термички процес и филтрација во нашиот систем за управување со отпад и потоа се пласираат како еко суровина на пазарот за биодизел во Европа“, изјави Андреј Ѓокиќ од Суниленс.

Како функционира новиот систем за директно собирање до секое домаќинство Мобилна екипа на компанијата Суниленс доставува 3 литарски пластични садови за безбедно и хигиенско собирање на отпадно масло директно до секое домаќинство кое е заинтересирано за оваа еко акција. Откога ќе се наполни садот, собирачот ја контактира компанијата која го испраќа својот тим да ја подигне собраната количина на отпадно масло и да достави нов чист сад за собирање.

„Интерес има и од ден на ден бројот на заинтересирани граѓани кои се јавуват да се приклучат во новиот систем за собирање на отпадно масло од домаќинствата се зголемува. Целиот процес го направивме транспарентен и лесно достапен преку социјалните мрежи и нашите отворени телефони. Нивните реакции и поддршката се позитивни и ја поздравуваат реализацијата на ваквата еко активност. Со ова се потврдува дека кај граѓаните има развиена еколошка свест, но досега навистина немале каде да го одлагаат отпадното масло,“ појаснија од тимот на Суниленс.

Како дополнителна мотивација за секој собирач, Суниленс доделува половина литар Дијамант сончогледово масло за јадење за секои собрани 3 литри отпадно масло. Секој собирач одлучува дали овој половина литар сончогледово масло за јадење ќе го задржи за себе или ќе го донира во рамките на еко-хуманитарниот проект „Рециклирај и донирај“ кој компанијата го спроведува заедно со здружението „Љубезност“, а има за цел да им помогне на социјално загрозените семејства.

“Нашето искуство од досегашната имплементација на системот за управување со отпадни масла на ниво на сите индустриски и угостителски објекти ни дава оптимизам дека и овој нов проект за собирање на отпадното масло од домаќинствата ќе биде успешен и ќе даде позитивни резултати. Едно е јасно дека потребно е време, едукација и промоција. Процесот на собирање не е брз и бара трпение а исто така зависи и од навиките на готвење на секое домаќинство. За нас е најважно домаќинствата да ја собираат секоја капка отпадно масло во нашите кантички и да не контактираат кога ќе им се наполни кантичката. Убедени сме дека ќе успееме да допреме до секое домакинство, да го побудиме интересот кај граѓаните и да влијаеме на подигање на еколошката свест и општествената одговорност. Ако тоа стана практика кај индустриските создавачи, веруваме дека ќе стане редовна навика и кај домаќинствата“, истакна Андреј Ѓокиќ од Суниленс.

Граѓаните можат да се вклучат во оваа акција со јавување на телефонските броеви 02/2650-100 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт формата достапна на следниот ЛИНК

Подетални информации за акцијата на следниот ЛИНК

Суниленс е компанија која има 25 годишно искуство во трговијата со рафинирани растителни масла, индустриски маргарини, прехранбени суровини и полупроизводи во Македонија. Во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како прва овластена и лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија. Суниленс е сертифициран и според европскиот систем ISCC EU и ЕУ Директивата за обновлива енергија 2009/28/EC.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Рециклирај и донирај: Собирање на отпадно масло од домаќинства

Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

За маслото да не прска при пржење – има лесен трик, нема да се горите повеќе

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега