Компир пита со праз: Едноставно, брзо и вкусно!

Компир пита со праз: Едноставно, брзо и вкусно!

Подготовката не одзема многу време, а состојките сигурно веќе ги имате во кујна!

Состојки:

  • 1 праз
  • 600 гр компири
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 1/2 кг готови кори

Начин на подготовка:

  1. Празот исечкајте го на тенки кругови па пропржете го на масло, додајте сол и бибер и на крај изрендан компир, па сè добро измешајте. Раширете ја првата кора на маса, па малку премачкајте ја со масло. Преку неа ставете друга кора и по неа премачкајте две лажици фил и еднакво распоредете.

     

  2. Ставете уште две кори една преку другата, премачкајте со фил, потоа свиткајте ги краевите, замотајте во ролна и ставете на намастен плех. Постапката повторувајте ја додека има материјал. Ролните од горе премачкајте ги со масло и ставете во рерна која сте ја вклучиле на 200 степени, па намалете на 190. Печете околу 40 минути. За време на печењето покријте ја питата со фолија.

 

Добар апетит!

Деталите погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

singlepost_text