Брз ручек за 20 минути: Сочно месо во сос

Брз ручек за 20 минути: Сочно месо во сос

Направете сочни шницли во сос, готови за само 20 минути.

Рецептот ви го откриваме во продолжение:

Состојки:

  • 4-6 шницли
  • 2 лажици вода
  • 4 лажици павлака за готвење
  • 2 лажици сенф
  • 2 кисели краставици
  • малку сол
  • малку вегета
  • 2 лажици масло
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

  1. Шницлите малку се удираат со чекан за месо, врз нив се ставаат сол и вегета, па се пржат на две лажици масло.
  2. Се вадат од маслото и се држат на топло, покриени со капак.
  3. Врз маснотијата од месото се става вода, се додаваат павлаката за готвење, киселите краставички исечени на ситни коцки и се меша заедно.
  4. Додадете ги сенфот, магдоносот, зачини по желба и става да поврие смесата.
  5. Шницлите се ставаат во сосот, па се послужуваат веднаш.

Добар апетит!

Повеќе на Gotvi.mk:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

singlepost_text