Многу брзо до комплетно јадење со кое не треба ниту прилог ниту салата.
Состојки:
- 300 гр макарони
- сол
- 250 гр брокули
- 250 гр моркови
- 3 домати
- 1 тиквица
- 1 главица кромид
- 1 лажичка путер
- 4 јајца
- 200 мл млеко
- 100 гр рендано гауда сирење
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе ја пастата по упатството на пакувањето. Исчистете го и иситнете го зеленчукот. Брокулите исцепкајте ги на цветови, морковите, тиквиците и доматите исечете ги на кругови. Бланширајте ги брокулите околу 3 минути и процедете. Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Исечкајте кромид и продинстајте го на путер. Додајте моркови, долијте малку вода и крчкајте 5 минути.
- Измешајте го зеленчукот и резанците, па префрлете ги во намастен плех.
- Разматете јајца, млеко, половина од сирењето, малку сол и бибер. Прелијте го јадењето со смесата и посипете со останатото сирење. Печете 30 минути и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство