Необична мусака со моркови

Необична мусака со моркови

За следниот ручек подгответе ја оваа необична мусака!

Состојки:

  • 12 моркови
  • 1 главица црвен кромид
  • ориз
  • компири
  • неколку тенки парчиња Пекабеско сланина
  • сол
  • масло
  • бибер
  • црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги морковите и кромидот и ставете ги веднаш во плех со малку масло. Малку продинстајте. Кога зеленчукот малку ќе омекне, додајте ориз, така што ќе биде на половина сантиметар висина во плехот, зачинете со сол и бибер. Налијте вода. По желба додајте уште малку масло.
  2. Компирите исечете ги на кругови. Наредете ги преку оризот, посолете и посипете со пипер, па ставете во рерна на 180 степени додека водата не испари, а компирот не биде готов. Сланината исечкајте ја на парчиња и ставете ја преку компирите. Можете да ја додадете и подоцна за да не се растопи премногу.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text