Како да подготвите највкусен пандишпан

Како да подготвите највкусен пандишпан

За почетници, но и за искусни домаќинки…

Состојки:

  • 5 цели јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Пред да почнете со подготовка на состојките, потребно е да ја загреете рерната на 200-220 степени.
  2. Намастете плех за печење со малку маст или масло и посипете со брашно за тестото да не се залепи. Наместо тоа, поедноставна опција е да ставите хартија за печење.
  3. Потоа одвојте ги белките од жолчките.
  4. Во сад со миксер разматете белки во цврст снег.
  5. Кога смесата ќе стане густа, додавајте една по една жолчка со постојано матење.
  6. Постепено додавајте шеќер и прашок за печиво.
  7. Кога сè добро ќе се соедини, додајте брашно и мешајте со лажица, не со миксер.
  8. Смесата ставете ја во плех и печете во рерна на температура од 180 степени.
  9. Препорачано време за печење е 20-30 минути со тоа што при крај би требало да пробате со чепкалка дали бисквитот е готов. Ако на чепкалката има тесто, потребно е уште печење.
  10. Оставете го колачот неколку минути во полуотворена рерна, посипете го со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text