ГУРМАНСКА ОАЗА: Компири полнети со сланина и колбаси (ВИДЕО)

ГУРМАНСКА ОАЗА: Компири полнети со сланина и колбаси (ВИДЕО)

Како прилог или како главно јадење – ќе го обожавате овој специјалитет од компири…

Состојки:

  • 3 поголеми компири
  • 200 гр скараџиски колбаси
  • 100 гр сува сланина
  • 200 гр мелено месо
  • 1 праз
  • 1 црвена пиперка
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • малку сенф
  • 2 чешниња лук
  • рендан кашкавал
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете сечкана сува сланина и колбаси сечкани на кругови, додајте мелено месо и праз, како и пиперка. Сè динстајте додека течноста не испари.
  2. Потоа додајте сол, бибер, зачин и чешне сечкан лук.
  3. Павлаката, кашкавалот, мајонезот, сенфот и чешне лук добро измешајте ги. Компирите малку обварете ги до лушпа, десетина минути, за да можете да ги издлабите.
  4. Полнете ги со издинстан фил. Можете да посипете со рендан кашкавал. Ставете ги компирите во рерна на 200 степени околу 40 минути, потоа извадете ги и премачкајте ги со лажица мешавина од павлака, мајонез, сенф и рендан кашкавал, па вратете ги повторно во рерна додека не поруменат. Вака печените компири се фантастични!

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт