Султански локум – автентичен турски рецепт

Султански локум – автентичен турски рецепт

Направете локум по традиционален и оригинален турски рецепт!

Состојки:

  • 180 гр путер
  • 8 лажици брашно
  • 650 мл млеко Пекабела
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Состојки за фил:

  • сечкани ореви
  • лешници
  • ф’стаци
  • малку цимет
  • кокосово брашно за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете маргарин или путер, па кога ќе се загрее додајте брашно.
  2. Мешајте 6-7 минути, потоа додајте млеко, мешајќи цело време, додека масата не згусне.
  3. Додајте шеќер и ванилин шеќер, па мешајте на слаб оган.
  4. Смесата ставете ја во пластичен сад и со миксер матете 5-6 минути. Оставете малку да се излади.
  5. Од смесата вадете топчиња, секое топче растегнете го на дланка.
  6. Топчињата полнете ги со смеса од мелени и сечкани јаткасти плодови и цимет, па преклопете.
  7. Обликувајте топчиња и извалкајте ги во кокосово брашно. Оставете ги во фрижидер да се изладат и да стегнат, па послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text