Пилешко месо со спанаќ

Пилешко месо со спанаќ

Пилешкото месо одлично се комбинира со сè! Ова јадење ќе го засакате бидејќи брзо се спема и е многу вкусно.

Состојки:

  • 400 гр пилешко бело месо
  • 200 гр свеж спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици брашно
  • 100 мл млеко
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • сол
  • 1 шолја ориз за прилог

Начин на подготовка:

  1. Исчистете и ситно исечкајте главица кромид. Благо пропржете ја на тава со многу малку масло. Кога ќе застакли, додајте пилешко бело месо исечкано на коцки. Посолете и пржете околу 5 минути. Потоа во месото додајте измиени и грубо иситнете листови спанаќ. Поклопете ја тавата за листовите спанаќ да се попарат.
  2. Кога сè благо ќе се издинста, додајте брашно и добро измешајте. Потоа налијте млеко и неутрална павлака за готвење и крчкајте уште неколку минути додека убаво не згусне.
  3. За прилог згответе ориз во солена вода.

Послужете и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text