Переци како од пекара (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Переци како од пекара (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Рецепт за домашни переци со вкусни солени шари, баш како оние од пекара!

Состојки:

  • 1 кг брашно (тип 500 или 400)
  • 500 мл млака вода
  • 40 гр свеж квасец или 1 кесичка сув
  • 200 мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол

Состојки за солен намаз:

  • 4 полни лажици брашно
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Квасецот издробете го и измешајте го со 100 мл млака вода, лажица шеќер и брашно. Оставете да надојде па додајте 400 мл вода, 150 мл масло, половина од брашното и сол. Замесете поретко тесто па лесно додајте го остатокот од брашното. 
  2. Тестото оставете го да надојде па премесете го, обликувајте го во долга јуфка и исечете еднакви делови. Секој дел премесете го, оставете го на намастена работна површина, па на секое топче намачкајте малку масло. Прекријте со фолија и оставете десетина минути. 
  3. Секој дел со раце обликувајте го на работна површина да добиете тенка лента, па обликувајте переци (како што е прикажано на видеото) и редете на хартија за печење. 
  4. Печете во загреана рерна на 240 степени. Вадете ги перецте после 7 минути печење, исшарајте ги со солен премаз, па вратете ги да се допечат. Воглавно готови се за 15 минути од почетокот на печењето.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text