Туршија на грчки начин

Туршија на грчки начин

Уживајте во вкусот на Медитеранот и за време на студените денови…

Состојки:

  • 8 кг различен зеленчук
  • 5 л вода
  • 1,5 л оцет
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици сол
  • 40 гр винобран
  • бибер
  • ловоров лист

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го и исчистете го. Наизменично редете го зеленчукот во суво пластично буре или во поголеми тегли. Зеленчукот повремено посипувајте го со зрна бибер и ловоров лист. 
  2. Во поголем сад направете го преливот: во студена вода ставете оцет, сол, шеќер и винобран. Измешајте и почекајте состојките да се растопат. Преливот ставете го на туршијата во бурето и затворете. 
  3. Може да се консумира после 2-3 недели, а зеленчукот останува цврст до подготовката на наредната туршија, под услов да се купени здрави, цврсти и квалитетни плодови. 
  4. Напомена: Кај оваа туршија интересно е тоа што, доколку некој зеленчук брзо се потроши, може да се додаде нов.

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text