Лазања ролни со спанаќ

Лазања ролни со спанаќ

Доколку сакате италијански специјалитети, испробајте ги овие лазања ролни – вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 8 кори за лазањи
  • 2 шолји ситно сечкан млад спанаќ
  • 220 гр сирење
  • 2/3 шолји рендана моцарела
  • 1/3 шолја рендан пармезан
  • 2 главици кромид
  • 1/2 лажичка сол
  • црн бибер
  • 1 шолја доматен сос

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Згответе го тестото за лазањи во посолена и врела вода, по упатството на пакувањето. Исцедете ги лазањите и оставете ги да се исушат.
  2. Измешајте спанаќ, ситно сирење, третина шолја рендана моцарела, пармезан, сечкан кромид, посолете и побиберете.
  3. Распоредете маса од спанаќ и сирење рамномерно преку корите, а потоа корите свиткајте ги во ролни.
  4. Ставете ги ролните во огноотпорен сад, прелијте со сос од домати и посипете со останатото рендано сирење.
  5. Печете околу 30 минути и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text