УХМР информира кога ќе падне снег

УХМР информира кога ќе падне снег

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 4 до 25 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Во понеделник попладне во источните и југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и ноќта ќе го промени правецот во северен. Во вечерните и ноќните часови на високите планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во вторник, на повисоките планини во северозападните делови ќе има повремени врнежи од снег.

Ќе дува и засилен северен ветер, кои ќе предизвика значително намалување на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.Во средa ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер.

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text