ЛЕСНО И БРЗО: Направете чудесна бурек-пита без кори

ЛЕСНО И БРЗО: Направете чудесна бурек-пита без кори

Оваа иновација од древниот рецепт за бурек ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр мелено месо
  • 1 праз
  • 1 павлака или јогурт од 200 гр
  • 6 лажици гриз
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 50 мл масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Празот исечкајте го на кругови, па пропржете го на масло. Додајте мелено месо па малку продинстајте, а потоа додајте сол и бибер. Оставете да се излади. Разматете јајца, додајте брашно и гриз во кој сте измешајте прашок за печиво. Во тоа додајте мелно месо, потоа јогурт или павлака и сè добро измешајте. 
  2. Намастете плех со пречник од 24 см и ставете го тестото. Посипете малку рендан кашкавал. Печете на 200 степени околу 35-40 минути. Изладениот бурек сечете го на коцки и послужете со кисело млеко или јогурт.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text