Ручек на брзина: Ѓувеч со спанаќ

Ручек на брзина: Ѓувеч со спанаќ

Уживајте во вкусниот оброк кој се подготвува брзо и лесно.

Состојки:

  • 2 лажици путер
  • 1 мала главица кромид, ситно исечкан
  • прстофат лута пипер
  • 400 гр спанаќ
  • 2 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја рендано тврдо сирење, плус малку за посипување
  • 4 шолји интегрален ориз
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос
  • 1 лажица сечкан лист темјан
  • 1 лажица сечкан лист босилек
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе го оризот. Спанаќот исечкајте го и кратко проварете го.
  2. Загрејте ја рерната на 175 степени. Намастете голема тепсија со путер.
  3. Во голема тава, на средна температура, издинстајте кромид со 2 лажици путер и лута пипер. Додајте спанаќ и динстајте 3 минути. Оставете на страна.
  4. Во голема чинија разматете млеко и јајца заедно. Додајте рендано сирење, варен ориз, магдонос, темјан, босилек и мешавината со спанаќ и се добро измешајте. Посолете и побиберете. Ставете ја масата во тепсијата, па од горе посипете уште рендано сирење. Печете во рерна 30 минути и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text