Неодолив сок од јаболка

Неодолив сок од јаболка

Количината шеќер при подготовката на оваа напивка одредете ја според личниот вкус.

Состојки:

  • 2 кг слатки јаболка
  • 200-400 гр шеќер
  • 1/2 кесичка конзерванс

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги јаболката, исечкајте ги на коцки. Ставете ги во лонец и измиксајте со миксер. Прелијте со литар вода и гответе на слаб оган околу 10 минути. Процедете го сокот низ газа во друг лонец.
  2. На сокот додајте му шеќер и оставете да се готви. Тргнете ја пената, па додајте конзерванс. Врелиот сок ставете го во подготвени шишиња и добро затворете ги.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text