Мексикански специјалитет: Салата со прекрасни бои и ароми, совршена за прослави

Мексикански специјалитет: Салата со прекрасни бои и ароми, совршена за прослави

Одлична салата која може да се послужи како главно јадење или предјадење…

Состојки:

  • 4 поголеми печени пиперки
  • 200 гр шампињони
  • 200 гр праз
  • 200 гр пченка од конзерва
  • 200 гр црвен грав од конзерва
  • сол
  • масло
  • оцет

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете го празот сечкан на кругови, па додајте шампињони сечкани на листови. Кога ќе се пропржат тргнете ги од оган, посолете додајте пиперки исчистени и исечкани, пченка, грав, оцет и уште посолете и добро изешајте.
  2. Мерките можете да ги зголемите по потреба. По желба додајте лута пиперка.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство