БРЗА, НЕ СЕ ПЕЧЕ: Неодолива сараевска торта

БРЗА, НЕ СЕ ПЕЧЕ: Неодолива сараевска торта

Оваа торта се подготвува многу брзо, а има фантастичен вкус.

Состојки:

  • 1-2 пакувања розен кори
  • 1.500 мл млеко
  • 5 јајца
  • 800 гр шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 400 гр чоколадо за готвење
  • 500 гр мелени печени лешници
  • 4 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки посебно со 800 гр шеќер, додајте жолчки и уште матете. 
  2. Во посебен сад разматете 12 лажици брашно со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Ставете разматено брашно и разматени јајца, измешајте да се соедини. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган и со лажица измешајте ја масата од јајца и брашно, соединете и вратете на тивок оган, па згответе густ крем со непрекинато мешање. 
  3. Во врелиот крем додајте 400 гр квалитетно горко чоколадо за готвење, мешајте да се растопи. Оставете да се излади со повремено мешање. Во изладениот крем додајте 500 гр мелени лешници и 4 кесички ванилин шеќер. Филувајте ги корите тенко, редете една преку друга благо притискајќи да се спојат. 
  4. Прелијте со глазура од 150 гр чоколадо, 100 гр маргарин и лажица масло, кои треба да се растопат на пареа.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед