Со оваа вкусна гибаница послужете јогурт или кисело млеко…
Состојки:
- 3 јајца
- 1 шолја масло
- 1,5 шолја јогурт
- 1 кесичка прашок за печиво
- 500 гр кори
- 200 гр сирење
- малку масло
- вода
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, додајте масло, јогурт, сирење, прашок за печиво.
- Ставете една кора на намастен плех и пропрскајте со фил. Потоа ставете две кори и пропрскајте со фил, и така продолжете понатаму, на секоја втора кора ставајте фил.
- Завршете со кора, пропрскајте со малку масло и вода, па печете на 150 степени 30 минути додека не порумени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот