Рецепт за вкусен турски ѓувеч

Рецепт за вкусен турски ѓувеч

За следниот ручек подгответе турски ѓувеч. Вкусно јадење за целото семејство.

Состојки:

  • 3 пилешки батаци со карабатаци
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 модар патлиџан
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 4 поголеми домати
  • 150 гр колбас
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици ајвар
  • 5 дл пилешка супа
  • 60 гр ориз
  • масло
  • мешавина од зачини
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Батаците одвојте ги од карабатаците и зачинете ги по вкус. 
  2. Црвениот кромид исечкајте го на коцки, пиперките исчистете ги и исечкајте ги на покрупни коцки. 
  3. Модриот патлиџан излупете го и исечкајте го на коцки, доматите на парчиња, а лукот исечкајте го што поситно. Колбасите исечете ги на кругови. 
  4. На малку масло пропржете го пилешкото од сите страни да порумени. Продолжете со динстање доливајќи пилешка супа по потреба додека пилешкото не омекне, а вишокот течност не испари. Потоа батаците извадете ги од маснотијата и оставете ги на топло. 
  5. На маснотијата од месото пропржете црвен кромид и лук, а потоа додајте пиперки и патлиџан и кратко пропржете. 
  6. Потоа додајте домати, ориз и зачини по вкус и продолжете со динстање додека оризот не омекне (по потреба доливајте малку супа). 
  7. Пред крајот на готвењето додајте колбаси и ајвар, вртатете ги батаците и заедно кратко гответе.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text