Збогатете ја својата трпеза со компир салата подготвена на малку поинаков начин.
Состојки:
- 5 бели компири
- 5 розе компири
- 2 лажици путер
- сол
- бибер
- 1/2 шолја мајонез
- 1/2 шолја сенф
- 1/2 шолја кисела павлака Пекабела
- стебло целер ситно сечкан
- 1 црвен кромид, ситно сечкан
- 2 кисели краставички, ситно сечкани
- 1 зелена пиперка, ситно сечкана
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во длабока тава, прелијте ги со вода и гответе ги на умерена температура доека не омекнат. Исцедете ги компирите и ставете ги во подлабок сад.
- Компирите посолете ги и побиберете ги и додајте путер, па измелете ги да добиете пире. Додајте мајонез, кисела павлака и сенф, па добро измешајте. Потоа измешајте и целер, кромид, краставички и пиперка. Добро измешајте додека смесата не се изедначи.
- Ставете ја салатата во сад и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути