Салата која има малку калории, а многу е здрава!
Состојки:
- 1 помала главица зелена салата
- 1 главица црвен радич
- 150 гр грозје
- 125 гр помалку масно тврдо сирење
- 2 главици црвен кромид
- 1 кесичка готов прелив за салата со зачински билки
- 1 лажица масло од ореви
- 1 лажичка благ сенф
- 3 парчиња интегрален тост леб
- 1 чешне лук
- 20 гр исчистени ореви
Начин на подготовка:
- Исчистете ги салатите, измијте ги и исечкајте ги. По желба извадете ги семките од грозјето.
- Сирењето исечкајте го на мали парчиња, а кромидот на кругови.
- Во готовиот прелив измешајте 5 лажици вода, масло од орев и сенф.
- Тост лебот препечете го и истријте го со лук, исечкајте го на коцки. Исечкајте ги и оревите крупно.
- Измешајте ги салатите, грозјето, кромидот и сирењето со дресингот, посипете со коцки леб и ореви и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути