Никој нема да им одолее на овие крцкави залаци!
Состојки:
- 300 гр печени несолени кикирики
- 400 гр сусам
- 300 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Шеќерот пропржете го во тенџере на умерен оган додека не добие светла карамел боја.
- Додајте кикирики во испржениот шеќер, така што сите кикирики ќе бидат прекриени со шеќер, а потоа додајте и сусам. Сè добро измешајте за сусамот да се фати за зашеќерените кикирики и малку да се пропржи. Пржете и мешајте околу 2 минути.
- Тргнете го тенџерето од рингла. Ќе добиете парчиња со неправилен облик, а можете да ги навлажните рацете и внимателно да ги одвојувате парчињата зашеќерени кикирики и да ги оставите на плех обложен со хартија да се изладат.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути