Црно-жолтите колачиња ќе ви станат омилен додаток со кафе или чај…
Состојки:
- 2 јајца
- 1 квасец
- прашок за печиво
- 250 мл масло
- 500 гр брашно
- 250 мл ладно млеко
- 3 лажици какао
Состојки за прелив:
- 5 кесички ванилин шеќер
- 1 л вода
- 3 чаши шеќер
Начин на подготовка:
- Разматете јајца, масло и млеко, па измешајте со околу 300 гр брашно, прашок за печиво и квасец. Преполовете ја смесата и измешајте какао во едната половина. Постепено додавајте брашно во двата дела.
- Оставете да нарасне на топло и потоа сечете ги на парчиња двата дела, па ставете на маса и мотајте – прво спирално, а потоа мотајте ги во круг.
- Не треба да ја намастувате тепсијата. Печете на 200 степени додека не поруменат.
- Згответе го преливот од наведените состојки и потоа залијте го колачот доека е топол (не смее да биде врел).
Послужете и уживајте!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)