Либанска кујна: Лабанија – неодолив традиционален рецепт

Либанска кујна: Лабанија – неодолив традиционален рецепт

Јунешко месо со јогурт и магдонос на либански начин, морате да го пробате!

Состојки:

  • 500 гр јунешко
  • 1 л јогурт
  • 1 јајце
  • 100 гр ориз
  • 100 гр бадеми
  • 1 лажица сок од лимон
  • сечкан лист магдонос
  • лук во прав
  • бибер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки и гответе го додека не омекне.
  2. Посебно разматете јајце и додајте јогурт, па гответе на слаб оган околу 10 минути.
  3. Готвеното месо исцедете го и сочувајте шолја од водата во која се готвело. Во таа издвоена вода додајте сол, бибер, лук во прав, сок од лимон и ситно сечкан магдонос, па ова ставете го во зготвениот јогурт.
  4. Посебно згответе ориз и исцедете го.
  5. Згответе ги бадемите, излупете ги и препечете ги.
  6. На дно на поголема чинија наредете крупни коцки леб, прекријте ги со ориз, посипете со бадеми, ставете слој зготвено месо и залијте со прелив од јогурт.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text