Пикантно пилешко замотано во сланина

Пикантно пилешко замотано во сланина

Ви се допаѓа чадената сланина? Тогаш ова е идеален оброк за вас!

Состојки:

  • 1 поголемо парче пилешко месо
  • 10-15 тенки парчиња чадена сланина Пекабеско
  • 1 полна лажица мед
  • 1 полна лажица сенф
  • сок од 1 лимон
  • чили во прав

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 250 степени, а за тоа време исечете го пилешкото на парчиња, така што ќе добиете од прилика 8 парчиња. Посолете го месосо, побиберете го и посипете го со малку чили. 
  2. На плех ставете хартија за печење и секое парче месо замотајте го во сланина, па ставете го во плехот. 
  3. Во чинија измешајте сок од лимон, сенф, мед и пипер. Со оваа смеса премачкајте ги парчињата пилешко од сите страни. 
  4. Плехот ставете го во загреана рерна и печете додека месото не порумени.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text