Автентичен рецепт за Капричиоза (ВИДЕО)

Автентичен рецепт за Капричиоза (ВИДЕО)

Направете пица на оригинален италијански начин…

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 0,5 л вода

Состојки за сос:

  • 200 гр доматно пире
  • 3 лажички шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 дл вода
  • прстофат босилек
  • прстофат оригано

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки замесете глатко тесто (не месете предолго).
  2. Тестото поделете го на топчиња со тежина од по околу 250 гр и оставете ги да отстојат еден час во фрижидер. Потоа извадете ги, премачкајте ги со масло и оставете ги уште 20 минути.
  3. Тестото развлечете го во круг со пречник од 32 см. Премачкајте со пица сос, наредете шунка, 150 гр кашкавал, 50 гр печурки и печете на 250 степени 5-7 минути. Печената пица украсете ја со шери домати, босилек и масло.

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text